ВОДНО СТАНА ЗАШТИТЕН ПРЕДЕЛ Нуредини е задоволен што е исполнета обврската

Од МЖСПП посочуваат дека планината Водно долго време чекаше на добивање на статус на заштитено подрачје, согласно постојното законодавство за заштита на животната средина, кое е единствената алатка за овозможување на ваква правна интегрирана заштита во земјава.

346

Планината Водно го доби статусот на заштитено подрачје согласно законодавството за заштита на природата, со што стана заштитен предел. Одлуката е донесена на денешната владина седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Од МЖСПП посочуваат дека планината Водно долго време чекаше на добивање на статус на заштитено подрачје, согласно постојното законодавство за заштита на животната средина, кое е единствената алатка за овозможување на ваква правна интегрирана заштита во земјава.






– Работевме напорно за исполнување на нашата обврска за ревалоризација и прогласување на заштитените подрачја како Министерство и се потрудивме да ја обезбедиме максималната заштита согласно законот. Сега следи процесот на подготовка на потребните акти и планот за управување со конкретни мерки, за кои исто така ќе има процес на јавна консултација и ги поканувам експертите и целата јавност да учествуваат во операционализацијата на оваа заштита на вистинскиот начин –  изјави министерот за животна средина на просторно планирање Насер Нуредини по повод донесената одлука.

Поврзани содржини