Водителот на Би-Би-Си фатен во незгоден момент (ВИДЕО)

На видеото се гледа како Браун е навален во водителското столче и зева, а кога сфатил дека повторно е во етер, брзо се исправил и продолжил да ја води програмата.

748

Водителот на Би-Би-Си, Бен Браун, ѝ се извини на јавноста откако бил фатен како зева во текот на телевизиската програма во живо.

Тоа се случило вчера за време на вестите, а уморниот 60-годишен Браун мислел дека во тој момент не е во програма во живо.






На видеото се гледа како Браун е навален во водителското столче и зева, а кога сфатил дека повторно е во етер, брзо се исправил и продолжил да ја води програмата.

„Се извинувам за ова, драги гледачи – бев на крајот од долгата смена која започна во 5 часот наутро, кога камерата по грешка беше насочена кон мене. Опасноста од телевизијата во живо!“, напишал Бен на Твитер.

Поврзани содржини