Водителот Лери Кинг за три недели ги загуби синот и ќерката
Синот на Лери, Еди почина ненадејно, на 28 јули, како резултат на срцев удар, додека Чаја на 19 август ја загуби битката со ракот на белите дробови.
Еден од најпознатите американски водители, Лери Кинг (86) поминува низ тешка семејна трагедија, неговите две деца, синот Енди (64) и ќерката Чаја (52), починаа во период од три недели.
Синот на Лери, Еди почина ненадејно, на 28 јули, како резултат на срцев удар, додека Чаја на 19 август ја загуби битката со ракот на белите дробови.
Водителот беше уништен откако го загуби синот, затоа што минатата година имаше срцев удар од кој се уште не закрепна, а поради коронавирусот, тој не можеше да патува во Лос Анџелес за неговиот погреб, но присуствуваше преку видео повик.
– Сите се скршени и се чувствуваат лошо. Лери е многу повреден и потресен. Тој беше многу болен минатата година, а неговите деца се грижеа за него. Тој беше многу шокиран што ги загуби – рече Џилијан, внука на водителот и ќерка на Енди за „Дејли меил“.
– Бевме на погребот на мојот свекор во Кентаки, кога ни јавија дека татко ми починал. Претпоставуваме дека тој починал од срцев удар, но обдукција никогаш не беше направена. Не можев да верувам – рече Џилијан и додаде:
– Ја очекувавме смртта на Чаја заради сè што помина, барем можевме да се подготвиме за тоа. Но, немаше предупредување за него. Тоа беше голем шок – додаде внуката на Кинг.
Потсетуваме дека Лери го посвои Енди во 1962 година, откако се ожени со неговата мајка Алин Акинс, со која ја доби Чаја. Покрај Енди и Чаја, Кинг ги има и синовите Лери Јуниор (58), Шанси (21) и Канон (20).