ВОДАТА ГО СПАСИ НАСУКАНИОТ КИТ ВО БАЛТИКОТ ПО НАПОРИТЕ НА МИЛИЈАРДЕРИ „А на месечината можеме?!“

Случајот со китот, кој дел од јавноста го нарече Тими, прерасна во медиумска сензација. Германските медиуми емитуваа пренос во живо 24 часа.

453

Китот долг околу 10 метри, кој со недели беше заробен во плитките води на Балтичкото Море, повторно се придвижи кон подлабоки делови, по серија драматични и контроверзни обиди за негово спасување. Животното заплива потпомогнато од зголемувањето на нивото на водата и засилувањето на ветровите.

Тими беше заглавен во заливот Кирхзе на островот Пел од 31 март. Спасувачките тимови постојано го прскаа со морска вода за да спречат дополнително сушење на кожата.

Неговото спасување се претвори во јавен спектакл што ја држеше Германија во неизвесност.

Eден германски милионер изјави дека ако може да се лета до Месечината, мора да може да се спаси китот.„Ако можеме да летаме на Месечината…“

Откако државните спасувачки тимови не успеаја да го извлечат китот, иницијативата премина во рацете на приватници. Во акцијата се вклучија бизнисмени, донатори и ентузијасти.

Меѓу нив беше и Валтер Гунц, ко-основач на „Медиа Маркт“, популарниот синџир за потрошувачка електроника.

Планот беше комплексен и ризичен. Под телото на китот требаше да се постави церада и да се се прикачи на пловечки понтони.

Планот беше потоа животното да се подигне и транспортира кон Северното Море. Ова беше последен обид да се спаси нешто што многумина веќе го сметаа за изгубено.

„Сите бевме надвор од себеси“

Случајот со китот, кој дел од јавноста го нарече Тими, прерасна во медиумска сензација. Германските медиуми емитуваа пренос во живо 24 часа.

Илјадници луѓе секојдневно ја следеа состојбата. Локацијата стана симбол на колективна емоција.

Обвинувањата против политичарите и екологистите за влошување на страдањето на китот, па дури и суровоста кон животните, беа искористени како аргумент за да се донесе крајната десница на власт.

– Сите бевме сосема надвор од себе – призна локалниот градоначалник.

 

„Неуспешна театарска претстава“

Во насловната сторија со наслов „Кит умира, земјата набљудува – а омразата се појавува од никаде“, неделникот „Шпигел“ го спореди целиот настан со „неуспешна театарска претстава“ во која глумат „навредени активисти за права на животните, лута полиција, беспомошни власти и кит кој не ги следи сценските упатства“.

Обидите за спасување беа прогласени за завршени на емотивна прес-конференција одржана пред речиси две недели од министерот за животна средина на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Тил Бакхаус, спасувачи и научници.

Специјалистите потоа рекоа дека китот е надвор од спасување и апелираа до јавноста да го остави животното сам да умре.

 

Рибарска мрежа и јато харинга

Се вели дека клучната причина за неговото брзо опаѓање е рибарска мрежа која се заплеткала во неговата вилица, ослабувајќи ја и нарушувајќи ја неговата ориентација. Грбавите китови вообичаено не живеат во Балтичкото Море, кое не е доволно солено или доволно длабоко за нив.

Се претпоставува дека бил привлечен од јато харинга. На грбот му беа откриени рани, како и дополнителна инфекција на кожата.

– Пациентот е во многу сериозна состојба – рече Бакхаус.

Иако некои локални жители го нарекоа Тими, специјалистите одбиваат да го користат тој прекар, нагласувајќи дека обидите за антропоморфизација на китот се дел од проблемот и дека на природата треба да ѝ се дозволи да си го направи своето.

Кранови, хеликоптери, гумени понтони

Сепак, одлуката за прекин на спасувањето не ги запре апелите. Бакхаус, не криејќи ги своите емоции, ја нарече операцијата една од најтешките во неговата 27-годишна кариера и откри дека предлозите од јавноста, како што се кревање на животното со хеликоптер или неговата сопствена идеја за изнајмување џиновски катамаран од Данска, исто така биле разгледани, но биле оценети како неизводливи.

Меѓу предлозите беа подигање со кранови, авиони, гумени понтони и објавување снимки од песни на китови. Еден пронаоѓач од Австрија предложи изградба на базен околу кит, а самопрогласениот „амбасадор на китови“ компонираше песна за ритуално лекување.

Поврзани содржини