🎥 ВО ЗЛАТО ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ Погледнете ги гламурозните сцени од моминската забава на 16-годишната ќерка на боксерскиот првак

Ќерката на Тајсон Фјури организираше раскошна моминска забава пред нејзината свадба, која предизвика мешани реакции поради нејзината возраст

120

Венецуела Фјури (16), ќерката на познатиот боксер Тајсон Фјури, повторно привлекува внимание откако организираше луксузна моминска забава пред нејзината свадба со 17-годишниот вереник Ноа Прајс.

Прославата се одржа во фудбалскиот клуб во Моркамб, каде што идната невеста се појави во впечатлива златна облека со тиара и превез, додека нејзината мајка Парис ја придружуваше цело време.
На прославата се собраа околу 300 гости, а дополнително изненадување приреди Ноа, кој ја прекрши традицијата и се појави на моминската забава.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ledigo Events (@ledigo_events)

Иако датумот на свадбата сè уште не е објавен, сè укажува на тоа дека се приближува. Интересно е што Тајсон Фјури не се појави на фотографиите од настанот.
Да потсетиме дека Венецуела се сврши на својот 16-ти роденден во септември минатата година, а оттогаш не го крие возбудувањето за свадбата, честопати покажувајќи го вереничкиот прстен.

Веста за свршувачката и претстојната свадба предизвика мешани реакции. Додека некои ја поддржуваат младата двојка, други веруваат дека е прерано за таков чекор.

И покрај критиките, семејството Фјури стои зад нив, а мајката Парис нагласува дека одлуката е во согласност со нивните вредности и традиции.

Поврзани содржини