ВО ЖИВО Шоуто на „Архангел“ вредно милион долари (ВИДЕО)
Атмосферата е повеќе од одлична, паркот е исполнет со насмеани и распеани лица.
Култниот македонски рок бенд „Архангел“ вечерва бесплатно и во едно поинакво светло ги забавува скопјани во Градскиот парк. Интересното е тоа што освен фронтменот на групата, Ристо Вртев, на сцената е присутен и оркестар со кој диригира Џијан Емин.
Станува збор за традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“, кој оваа година е посветен токму на музиката на еден од најзначајните македонски бендови „Архангел“, со која пораснаа многу генерации.
Атмосферата е повеќе од одлична, паркот е исполнет со насмеани и распеани лица.
Во продолжение, следете го настапот во живо: