Во земјава во болница се лечат 1.165 лица болни од ковид-19

Според податоците на Министерството за здравство во ковид цетрите во земјава има слободни 670 кревети.

200

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.165 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите, информира Министерството за здравство.

Само во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и има 220 празни кревети.






Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 19 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 19 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, а на Клиниката за Детски болести имало 8 приеми. На Институтот за физикална медицина е примен еден нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 83 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 194 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 117 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 120 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има 3 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 19 болни.

 

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 692 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во болницата во Битола  има 97 пациент, Штип – 58, Тетово – 35, Велес – 83, Куманово – 80, Охрид – 75, Прилеп – 68, Гостивар  – 23,  Струга  – 15,  Струмица – 68,  Кочани – 23, Кичево – 25, Кавадарци  – 30 и во Гевгелија -12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Поврзани содржини