Во затворот „Шутка“ и утре и во недела ќе се тестираат затвореници и персоналот
За вработената во Агенцијата за храна и ветеринарство, која е позитивна на коронавирусот, Филипче информира дека таа веќе една недела не оди наработа. Тој информира дека седум колеги кои биле во контакт со вработената се во домашна изолација, а објектот се дезинфицира и чисти.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информира и за За починатиот затвореник од затворот „Шутка“.
– Интензивно се работи со луѓето таму има интензивни прегледи од лекарски тимови, ќе се тестираат и утре и во недела. Земени се голем број тестови, ќе се прегледаат сите луѓе вклучително и персоналот во затворот – рече Филипче.