ВОЈВОДАТА ИСМЕАН НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Не работел ниту еден ден, а дели бизнис-совети

„Навистина е тешко да се примат советите за ментално здравје од 40-годишник кој среде пандемијата ѝ се жалеше на Опра дека ги има само милионите на мајка му на кои може да се потпре затоа што татко му прекина да го издржува. И сето ова се случува додека луѓето ги губат средствата за живот“, гласи само еден од лавината реакции и постови на Твитер.

907

Војводата од Сасекс беше видно исмеан на социјалните мрежи кога почна да им дели бизнис-совети на работодавците, велејќи дека треба на своите вработени „да им дадат време да се фокусираат на себеси“. Луѓето го обвинија 38-годишниот Хари дека не работел ништо во неговиот живот и дека не е повикан да зборува на таа тема.

’Ех! За што, по ѓаволите, тој зборува? Не работел напорно ниту еден ден во животот“, напишал еден корисник на Твитер по име Танер.






Целата збрка настана кога принцот зборуваше на виртуелен панел заедно со извршниот директор на BetterUp Алекси Робишо, другарката Серена Вилијамс и неговата сопруга Меган Маркл.

„Од перспектива на работодавецот, не можете да очекувате вашите луѓе да се потрудат сами на себе кога не им давате време да го направат тоа“, рече принцот додека продолжи да објаснува како претрпел „прегорување“.

Потоа Хари зборуваше за тоа дека сите треба да „одвоиме време за внатрешна работа“. Под внатрешна работа обично се подразбира внатрешното спиритуално осознавање на една личност.

Но, се чинеше дека советите на Хари ги разбеснија луѓето.

„Извинете, само не го сфаќајте (принцот) повеќе сериозно“, напишал еден корисник.

„ОМГ, дали е ова болна шега? … Хари, всушност, не знае што значи зборот работа!“ напиша Керол Мекдоналд.

BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

„Ова е човек кој има повеќе неволји од оние што мисли дека ги има. Нему му е потребна стручна помош за да не биде вака поставен на онлајн-платформа и да не биде прикажан дека, ете, закрепнува“, напиша Теса Кејт.

„Навистина е тешко да се примат советите за ментално здравје од 40-годишник кој среде пандемијата ѝ се жалеше на Опра дека ги има само милионите на мајка му на кои може да се потпре затоа што татко му прекина да го издржува. И сето ова се случува додека луѓето ги губат средствата за живот“, објасни еден друг твитерџија.

Интересно е што Хари во емисијата зборува и дека секој што ќе започне бизнис треба да најде време за да медитира.

Принцот рече дека „како татко, сопруг и некој што започнува бизнис“, „знае дека треба да медитира секој ден“.

„Менталната кондиција е врв, тоа е она кон што се стремите. Патот кон тоа може да биде навистина трнлив … тоа се нарекува внатрешна „работа“ со причина“, вели војводата, чии мисли предизвикаа контроверзија.

Според него, прво доаѓа внатрешното, а потоа надворешното работење и подобрување на себеси.

„Надворешната работа започнува многу полесно кога внатрешната работа ќе дојде на своето место“, додава тој во видеото.

Поврзани содржини