ВО ВОЈСКАТА НЕМА МЕСТО ЗА ПОЛИТИЧКА КОРЕКТНОСТ Стојам зад вас како претседател, им рече Трамп на генералите

Повторно го враќаме фокусот на физичката подготвеност, способноста, карактерот и силата. Целта на американската војска не е да ги штити чувствата на луѓето, туку да ја штити нашата република, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

73

 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на високите воени лидери дека ја имаат неговата непоколеблива поддршка, додека тој настојува да го оживее „воинствениот дух“ во американската војска.






Во говорот пред 800 генерали и адмирали, Трамп ја пренесе својата, како што ја нарече, „многу едноставна“ порака на Универзитетот на маринците во базата Квантико, во Вирџинија.

– Ние сме тим. Мојата порака до вас е многу едноставна: Со вас сум, ве поддржувам и како претседател, зад вас стојам 100 проценти – нагласи тој.

Трамп се повика на генерали како Џорџ С. Патон, Омар Бредли и Даглас Макартур, истакнувајќи дека „заедно го будиме воинствениот дух“.

Тој нагласи дека морнарицата, воздухопловните сили и вселенските сили ги исполниле или надминале своите регрутни цели, „за разлика од тешкотиите во регрутирањето за време на администрацијата на Бајден“.

Тој најави промени што неговата администрација ќе ги воведе во армијата.

– Повторно го враќаме фокусот на физичката подготвеност, способноста, карактерот и силата. Целта на американската војска не е да ги штити чувствата на луѓето, туку да ја штити нашата република – рече Трамп.

Тој ја критикуваше, како што ја опиша, тенденцијата кон политичка коректност на сметка на заслугите во армијата и нејзиното раководство.

– Хиерархијата на нашата земја не беше направена според заслуги, туку за политичка коректност. И никогаш нема да бидеш голем ако го правиш тоа. Нема да бидеме политички коректни кога станува збор за одбраната на американската слобода. Ќе бидеме борбена и победничка машина. Сакаме да се бориме, сакаме да победуваме и сакаме да се бориме што е можно помалку – нагласи американскиот претседател Доналд Трамп..

„ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ВОЈНА“ Нема време за игри, им порача Хегсет на генералите

Поврзани содржини