Во Владата нема заразени со ковид-19

187

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека нема заразени од ковид-19 во Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има информации за заразени од ковид-19 меѓу политичарите во земјава и меѓу избраните и именувани функционери, Филипче рече дека нема информации за тоа. Посочи дека, бројката на избрани и именувани лица во повеќе државни институции е голема, така што не би можел да даде конкретни податоци за тоа.






– Што се однесува до Владата, можам да кажам дека нема инфицирани – рече Филипче, објаснувајќи за министрите.

Поврзани содржини