Во велешката болница расте бројот на пациенти со ковид-19

Инфективното одделение има 37 пациенти, додека, интерно, еден пациент кој се лечи по прележан ковид 19.

333

Во велешката Општа болница се хоспитализирани вкупно 38 пациенти, од кои, 28 се позитивни на Ковид 19 и 10 пациенти се со негативен тест, но, задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Јованова дополнува дека на Инфективното одделение има 37 пациенти, додека, интерно, еден пациент кој се лечи по прележан ковид 19.






На 1 јануари оваа година, во велешката болница имаше 26 пациенти од кои 19 потврдени, два сомнителни и пет со негативен тест но задржани на болничко лекување. Тогаш, на кислородна поддршка имаше 10 пациенти, што е за шест пациенти помалку, споредено со денешниот ден, кога се вкупно 16 пациенти.

Поврзани содржини