ВО ТРАГЕДИЈАТА ПОЧИНА ФУДБАЛЕР НА ШКУПИ Андреј Лазаров им подлегна на повредите

Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент, велат од тимот за својот соиграч.

238

Иако претходно имавме информации од неговото семејство дека е во стабилна состојба, со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани, објави ФК Шкупи.

„Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент“, велат од тимот за својот соиграч.






ФК Шкупи изразува најискрено сочувство до семејството на Лазаров порачуваји дека „Андреј беше дел од Шкупи само шест месеци, но неговото име засекогаш ќе остане неизбришлив дел од нашиот тим“.

Во огромната трагедија во дискотеката во Кочани утрово, животот го загубија 59 лица, додека 155 се повредени.

Поврзани содржини