ВО ТЕТОВО НЕМАЛО ПОТРЕБА ОД МОДУЛАРНА БОЛНИЦА? Пратеникот Лефков тврди дека два ката во болницата биле празни!

Доколку наместо модуларната болница, ковид-центарот бил во објект од тврда градба, ниту евентуален пожар ќе ја изгореше болницата за три минути, ниту ќе имаше загинати, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

560

Владата на чело со Заев е насочена на забошотување на истрагата за трагедијата во Тетово, во која животот го загубија 14 наши сограѓани, обвинува Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тврди дека имало огромни пропусти од страна на власта, но и дека во Тетово воопшто немало потреба да се поставува модуларна болница, зошто во склопот на болницата имало веќе постоечки објект од тврда градба, со неискористени два ката.






– Се што требало да се направи е да се опреми тој дел, на ист начин како што се опремила и модуларната болница. Доколку наместо модуларната болница, ковид-центарот беше во објект од тврда градба, ниту евентуален пожар ќе ја изгореше болницата за три минути, ниту ќе имаше загинати. Ова дополнително го поставува прашањето зошто Филипче и Хасани се одлучиле воопшто за поставување на модуларна болница во Тетово – вели Лефков.

Поврзани содржини