ВО ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ТРЕБА ДА ИМА ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ Изгубен е балансот и по партиска и по етничка основа, укажува Демократски сојуз

Досега ДУИ и Алијансата на Албанците со 20 пратеници раководеа со 8 министерства, додека СДСМ со 41 пратеник имаше премиер и 8 министерства.

367

На новиот мандатар му предлагаме при составот на техничката Влада да води сметка за бројот на пратениците и партиите кои се дел од Владата, како и за соодветната и правична застапеност на сите етнички заедници, соопшти Демократски сојуз.

„Досега ДУИ и Алијансата на Албанците со 20 пратеници раководеа со 8 министерства, додека СДСМ со 41 пратеник имаше премиер и 8 министерства. Со номинацијата на Талат Џафери за премиер, како и вкупниот број пратеници од СДСМ и опозицијата (најмалку 86), неопходно е целосно рекомпонирање на составот на Владата, која најмалку четири месеци ќе владее со државата.






Ковачевски си оди, но зад него остава Влада која во голема мера ќе ги загрози стратешките, државните и националните интереси на Македонија, стабилноста и меѓуетничката кохезија“ – се вели во соопштението на Демократски сојуз.

 

 

Поврзани содржини