ВО ТАЈНОСТ СЕ РАБОТИ НА СУПЕРВАКЦИНА Ќе штити од сите соеви на коронавирусот

Во многу лаборатории во светот научниците сигурно веќе се обидуваат да направат вакцина која ги обединува вуханскиот, делта и ламбда соевите. Со оглед на тоа дека меѓу нив има голема конкуренција, сè уште никој јавно не зборува за тоа, туку се во трка кој прв ќе дојде до креирање на таа, како што ја нарекуваат „супервакцина“, вели српскиот епидемиолог Радмило Петровиќ.

649

Според најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ можно е да очекуваме и појава на шеста „супервакцина“ која би ги опфатила сите соеви на вирусот кои доведуваат до заболување од ковид, што практички би значело и крај на пандемијата, пренесува Б92.

Вакцините кои во моментов се користат за имунизација против коронавирусот постигнуваат само делумен успех. На повеќето луѓе тие им овзможуваат развој на имунолошкиот одговор, кој штити од многу тешки форми на инфекција, додека „супервакцината“ би била високоефикасна.






Таа сите вакцинирани би требало да ги заштити од инфекции со новите вируси на корона. Покрај тоа „супервакцината“ би била апсолутно безбедна, односно не би требало да ја следат какви било нуспојави кај сите групи на население вклучително и кај децата и кај повозрасните лица.

Епидемиологот Радмило Петровиќ вели дека вакцината која обединува повеќе соеви на ист или на различен вирус е веќе добро позната во медицината, а како пример ја наведува вакцината против грип, која содржи повеќе типови инфлуенса и вакцината против тетанус, дифтерија и големата кашлица.

-Во многу лаборатории во светот научниците сигурно веќе се обидуваат да направат вакцина која ги обединува вуханскиот, делта и ламбда соевите. Со оглед на тоа дека меѓу нив има голема конкуренција, сè уште никој јавно не зборува за тоа, туку се во трка кој прв ќе дојде до креирање на таа, како што ја нарекуваат „супервакцина“. Уште ако се остварат идеите на одделни научници вакцината да биде во форма на спреј, тоа би било голема работа. Бидејќи не е мал бројот на тие кои се во дилема дали да се вакцинираат токму поради стравот од игла – вели Петровиќ.

Иницијативата да се пронајде универзална „супервакцина“, која би штитела од сите соеви на коронавирусот од родот бета – еден од четирите родови на вирусот на короната, постоела неколку години пред пандемијата. Инаку, на родот бета му припаѓаат седум соеви на коронавирусот кои се заразни за луѓето, од кои четири предизвикуваат благи настинки, додека три – SARS KoV, MERS KoV и SARS KoV-2 често можат да бидат смртни.

Три водечки истражувачи на вакцини во светот во 2017 година не добиле финансиска поддршка да ја креираат оваа „супервакцина“, бидејќи нивната замисла не е оценета како приоритетна, што во многу се смени по избивањето на пандемијата.

Имунологот Душан Попадиќ вели дека патот до „супервакцината“ е долг и макотрпен.

-Фајзер ги доби сите одобрувања дури после две години и затоа не би требало да се чека на појава на универзална вакцина за да се дочека крајот на пандемијата. Постоечките вакцини се доволно ефикасни и тие може да доведат до крај на ширењето на заразата, но проблем е дека луѓето не сакаат масовно да се вакцинираат – вели имунологот.

Дека станува збор на исклучително сложен проект кој не е можно брзо да заврши потврдува и професорот, фармаколог Слободан Јанковиќ.

Комбинираните вакцини, кои содржат повеќе соеви или видови на предизвикувачи на инфективни заболувања, значително се посложени препарати од моновакцините и нивното производство, а потоа и истражувања за безбедноста и за ефикасноста бараат голем ангажман-вели Јановиќ.

Кога ќе се комплетира процесот на претклинички и на клинички испитувања на вакцината според важечките стандарди наведени во законите и во подзаконските акти и кога Агенцијата за лекови ја одобри употребата на таа вакцина, таа ќе може да се смета и за ефикасна и безбедна и тогаш доаѓа до израз нејзината предност во врска со активноста против повеќето соеви или причинители.

Поврзани содржини