Во светот се развиваат 70 вакцини против коронавирусот, три се тестираат на луѓе
Прва во клинички процес е експерименталната вакцина на „CanSino Biologics Inc.“ и Институтот за биотехнологија во Пекинг, покажуваат документите на СЗО.
Ширум светот се развиваат 70 различни вакцини против коронавирус, од кои три веќе се подложени на тестирање на луѓе, според податоците од Светската здравствена организација (СЗО), цитирани од „Bloomberg“.
Прва во клиничкиот процес е експерименталната вакцина развиена од компанија од Хонг Конг, „CanSino Biologics Inc.“ и Институтот за биотехнологија во Пекинг, кој е во својата втора фаза на тестирање. Другите две вакцини со тестирање врз луѓе беа развиени одделно од страна на американските фармацевтски компании „Moderna Inc.“ и „Inovio Pharmaceuticals Inc.“, покажуваат документите на СЗО.
Напредокот во развојот на вакцината се развива со невиден степен, бидејќи инфективниот патоген се чини дека не може да се искорени само со рестриктивни мерки. Фармацевтската индустрија се надева дека ќе го намали времето што е потребно за да се пушти вакцината на пазарот – што е вообичаено од 10 до 15 години, до крајот на следната година.
Наспроти ова, малите и големите производители на лекови се обидуваат да ја создадат вакцината, што ќе биде најефикасниот начин за контрола на вирусот. Фармацевтски гиганти како „Pfizer Inc.“ и „Sanofi“ исто така имаат кандидати во претклинички стадиуми, покажуваат документите на СЗО.
Минатиот месец, „CanSino“ објави дека добиле регулаторно одобрување од кинеските регулатори за да започнат со тестирање на нивната вакцина врз луѓето. Во исто време, компанијата со седиште во Кембриџ, Масачусетс, „Moderna“ – која никогаш на пазарот нема продавано својот производ – доби дозвола во март да започне со тестирање врз луѓет, прескокнувајќи ја вообичаената фаза на тестирање на животни што може да трае со години. Сепак, „Inovio“ минатата недела ги започна своите експерименти врз луѓе.