ВО СВЕТОТ СЕ ПИЈАТ 2 МИЛИЈАРДИ ШОЛЈИЧКИ КАФЕ ДНЕВНО Еспресото е вистинско кафе за будење
Денеска планетата го одбележува Меѓународниот ден на кафето.
Со него почнува и денот и озборувањата, заводливо е и уметност е да му кажеш „не“. Денеска планетата го одбележува Меѓународниот ден на кафето.
Околу 2 милијарди шолјички се испиваат секојдневно во целиот свет и малкумина се тие кои не уживаат во него. Бојан Ѓорѓевиќ, експерт за кафе за ТВ Прва раскажал нешто за него што пак, секој љубител на кафе би требало да го знае.
– Ако пиеме добро кафе тоа секако не е лошо, туку е добро. Мене лично ми годат 15 шолјички дневно н секој треба да најде некоја своја бројка која нему му е океј. Битно е да знаеме што е добро кафе. Да се едуцираме, да знае некој да ни направи такво кафе, бидејќи лошо подготвено кафе може да ви донесе многу проблеми – вели Бојан.
Според него, еспресото е вистинско кафе за будење, а капучиното е откриено од монарси.