ВО СТУДЕНИЧАНИ ВРЕДИ ГО ПОДДРЖУВА НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ АЗЕМ САДИКУ Одлука донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци
„Заедно со граѓаните и кандидатите кои искрено го претставуваат јавниот интерес, ќе ја унапредиме промената што започна на 19 октомври во албанските општини“ – се вели во соопштението на Коалицијата Вреди.
Коалицијата Вреди најавува дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи независниот кандидат за градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садику.
„Оваа одлука е донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци, јасно изразена на 19 октомври, кога со ЕДЕН ГЛАС рекоа „ДУИ не” во повеќето албански општини. Заедно со граѓаните и кандидатите кои искрено го претставуваат јавниот интерес, ќе ја унапредиме промената што започна на 19 октомври во албанските општини“ – се вели во соопштението на Коалицијата Вреди.