ВО СТРУШКО УЧИЛИШТЕ СЕ СЛИКААТ СО КАРТА НА „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“! Левица бара да реагира просветниот инспекторат

Очаен е молкот на анти-македонската СДС, која е поданички поставена пред дивеењето на ДУИ. Левица бара итно разрешување на директорката Шате, како и отстранување на иредентистичките слики – се вели во соопштението на Левица.

581

Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени на страната на ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Струга. Покрај карти на „Голема Албанија се фотографираат наставници и ученици, што претставува отворен сепаратизам и понижување на македонскиот народ, реагира партијата Левица.

Од фотографиите кои ги доби Левица, евидентно е дека ваквите скандалозни слики стојат со години во училниците. Во ова основно училиште, в.д. директор е Лаура Шате, за која постојат сомневања дека е незаконски назначена од страна на Рамиз Мерко.






Очаен е молкот на анти-македонската СДС, која е поданички поставена пред дивеењето на ДУИ. Левица бара итно разрешување на директорката Шате, како и отстранување на иредентистичките слики. Левица ќе поднесе и претставка до Државниот просветен инспекторат, со цел да се санкционира ваквото скандалозно однесување, како и да се испита постапката на кој начин е поставена в.д. директорката. На анти-македонското дивеење на ДУИ мора да му дојде крај – пишува Левица во соопштение.

 

 

Поврзани содржини