Во Струга заразена 20-годишна медицинска сестра која два пати придружувала болни до Битола

Ако има сомнеж за оваа пациентка дека не се почитувани протоколите за транспорт, преку ДСЗИ ќе се направи контрола како е постапувано - изјави Филипче. 

1,175

Во Струга  со ковид -19 е заразена и 20-годишна медицинска сестра, која придружувала двајца болни до болницата во Битола. Дали е точно дека таа немала сооветна заштитна опрема, а и било кажано да оди со болните со автомобил и тоа 2 пати со двајца заразени, а бидејќи работела со договор на дело не се осмелила да одбие. Кој треба да биде во придружба на инфицираните кога тие се транпортираат во болница – дали поискусни колеги?

Ова беа некои од прашањата коишто денеска му беа поставени на министерот за здравство, Венко Филипче.






– Има протоколи и заштитна опрема за транспорт и тријажа на инфицираните пациенти. Болниците и во Охрид и во Струга се опремени со соодветна опрема и се прави транспорт и прием и на материјали за  анализа. Ако има сомнеж за оваа пациентка. – дека не се почитувани протоколите за транспорт, преку ДСЗИ ќе се направи контрола како е постапувано – изјави Филипче.

 

Поврзани содржини