ВО СЛУЧАЈ ДА СМЕ ЗАБОРАВИЛЕ Радев ги повтори бугарските услови за напредок на Македонија кон ЕУ

Бугарскиот претседател Румен Радев повтори дека уставните гаранции за македонските Бугари, запирањето на говорот на омраза и прекинување на, како што рече, процесот на дебугаризација, само ќе помогнат да се забрзаат работите и да може Бугарија да ја отвори вратата за преговори за зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

932

Верувам дека сите ветувања и ангажмани преземени од нашите соседи ќе бидат исполнети за да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија, рече денеска бугарскиот претседател Румен Радев, пренесува бугарската агенција БГНЕС.

Тој ги поздрави намерите на бугарската влада да биде активиран дијалог од заемен интерес меѓу двете држави.






Радев повтори дека уставните гаранции за македонските Бугари, запирањето на говорот на омраза и прекинување на, како што рече, процесот на дебугаризација, само ќе помогнат да се забрзаат работите и да може Бугарија да ја отвори вратата за преговори за зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Од друга страна, пак, бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за ТВ Блумберг најави дека датумот на неговата прва посета на Македонија најверојатно ќе биде 18 јануари.

Тој посочи дека досега главниот фокус беше на историската дебата, но оти смета дека е поважно сите дискусии да се стават на победничка основа за сите. Затоа, како што рече, отворале пет нови групи – за инфраструктура, економија, културни размени, влегување во ЕУ и историја.

Тој додаде дека сака овие групи да работат исклучително ефикасно во следните шест месеци и да постигнат реални резултати. Ова би била прва посета на Петков кој е избран минатиот месец, но и прва средба со евентуално новиот македонски премиер Димитар Ковачевски.

Поврзани содржини