Во скопските ковид центри примени уште 22 пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми, а во центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти со симтоми на коронавирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК две пациентки.
Вкупно 263 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 93 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.