Граѓани реагираат на социјалните мрежи дека и во Охрид биле бетонирани односно, асфалтирани дрвјата, откако претходно тоа се случи во Скопје.
„Да не сме подолу и ние како град, дури и пософистицирани сме малце, не се бетонирани, цементирани дрвјата, туку се асфалтирани! Сериозно нема смисла ова шо му го прајте на Охрид!! Срамота! Се гледа вашиот крај“, пишува Кирил Пецаков на Фејсбук.
