Во Скопје активни 1.699 случаи со ковид-19
Според Републичката изборна комисија (РИК) до 14 часот излезноста изнесува 26,11 отсто и досега не се забележани поголеми неправилности.
Од регистрираните нови 101 случај на ковид-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 57, се од Скопје, со што вкупната бројка на заразени во главниот град достигна 2.498, а активни се 1 699.
Најголем број на активни случаи во Скопје, заклучно со вчера, и натаму се во општината Чаир- 384, потоа следат Гази Баба со 153, Бутел со 140, Центар 133, по 130 во Аеродром и во Сарај, 114 во Карпош. Во Кисела Вода има 95 активни КОВИД случаи, Ѓорче Петров – 77, Студеничани – 84, Шуто Оризари – 69, Арачиново – 55, Илинден – 30, Сопиште -13, Петровец и Чучер Сандево по 12, Зелениково-2, четворица се странци и пет нераспределени.
Во целата држава има вкушпно 2.942 активни случаи, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 5106. Оздравени се 1926 пациенти, а починати 238