Во Шведска трет ден по ред повеќе од илјада новозаразени
Со денешниот број од 1.056 новозаразени, вкупниот број на случаи на коронавирус во земјата изнесува 43.939.
Во Шведска денеска трет ден по ред е регистрирано големо зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, кое изнесува 1.056, соопшти Шведската агенција за јавно здравје.
Шефот на Агенцијата, Андрес Тегнел на вчерашната прес-конференција изјави дека дошло до зголемување на случаи најмногу во западниот дел на Шведска и меѓу помладата популација, објави британскиот весник „Гардијан“.
Со денешниот број од 1.056 новозаразени, вкупниот број на случаи на коронавирус во земјата изнесува 43.939.
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 4.639, затоа што денеска се пријавени 77 смртни случаи, од кои не починале сите во изминатите 24 часа, туку и порано, со оглед на доцнење на податоците од локалните подрачја.
Стапката на смртност е многу помала во однос на врвот на епидемијата на крајот на април.
Шведскиот пристап кон коронавирусот е опишан како „лесен допир“, затоа што за време на пандемијата продавниците, спортските сали и рестораните останаа отворени, а од јавноста беше само побарано да ги избегнува сите непотребни патувања.