„ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ ГО ДОБИЕМЕ НАЈНЕГАТИВНИОТ ИЗВЕШТАЈ ОД ЕУ ЗА СУДСКИ РЕФОРМИ“ Давитковски вели дека мора да заврши праксата судија да се станува со врски

183

Професорот Борче Давитковски излезе со критики кон нивото на владеењето на правото во општеството, за што, како главна причина го посочи отсуството на политичка волја за надминување на состојбите.

– Сами се доведовме во таква ситуација. Немаше политичка волја да се направат вистински реформи во правосудниот систем, како во судството, така и во обвинителството. Судскиот совет како рогови во вреќа, обвинителсткиот совет го нема никаде, непрепознатливи се, а тие треба да се контролор на третата власт. Пред сѐ, она што е важно е да се разбере дека реформите се прават за подобрување на животот на граѓаните, ако тие ги почувствуваат бенефитите од нив, тогаш дури можеме да очекуваме влез во ЕУ, без тие стандарди нема влегување. И Уставот да го промениме, доколку нема политичка волја за реформи, нема успех – рече Давитковски за МИА.






Тој посочи дека во првите шест месеци новите власти треба да ги постават насоките како ќе се прават реформите во сите општествени сфери, за луѓето да имаат перцепција што ќе се случува и што да очекуваат.

– Претходната влада не ги донесе законите што беше предвидено да бидат донесени до 2023 година. Во септември ќе го добиеме најнегативниот извештај од ЕУ за реформите во јавниот сектор во последните 20 години. Она што е неопходно е целосно преиспитување на улогата на судскиот и на обвинителскиот совет, на Академијата за судии… Мора да заврши практиката лица без никакви искуство, само со политичко влијание и врски да стануваат судии – нагласи Давитковски.

 

Поврзани содржини