ВО СДСМ ЗНАЕЛЕ ЗА КРИМИНАЛОТ НА ГРУБИ, МОЛЧЕЛЕ И НЕ РЕАГИРАЛЕ Следува одговорност за милионски криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет, а секој што постапувал спротивно на законот ќе мора да одговара согласно правниот поредок“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

4

По повеќе од една година поминати во бегство, на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби. Поранешниот вицепремиер Артан Груби се поврзува со сериозен криминал и корупција во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Осомничен е за проневера во службата за случајот со Државна лотарија. Штетата на државата од неговите постапки е над 8 милиони евра со индиции сумата да биде и значително повисока.






Во јавноста беа изнесени сомнежи дека заедно со тогашниот директор на Државна лотарија, Бајрами, биле спроведувани спорни тендерски постапки и исплаќани аванси кон деловни партнери.

Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби, молчеле и не реагирале. СДСМ, за да опстане ден повеќе на власт, ги толерирал злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби, а тоа го потврди и извештајот на ДЗР. Јавноста очекува институционална разрешница. Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет, а секој што постапувал спротивно на законот ќе мора да одговара согласно правниот поредок“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини