ВО СДСМ ВРИЕ ПОРАДИ ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ Членовите на партијата разочарани од изборот на Ковачевски
Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, Кристијан Јовановски изрази незадоволство од листата за ИЕ2, на која за него немало место, а јавно незадоволството од одлуките на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски изрази и активистката на СДСМ од Велес, Марија Талевска Деловска.
Високо позиционирани активисти, членови и симпатизери на СДСМ не се задоволни од изборот на лидерот Димитар Ковачевски во составувањето на кандидатските листи на партијата за претстојните парламентарни избори.
Ракции од дел од партиските функционери имало и пред синоќешниот Конгрес на партијата на која Ковачевски официјално ги соопшти носителите на листите на СДСМ и коалиционите партнери по изборни единици. ТВ 24 информнираше дека портпаролот на партијата, Дарко Каевски незадоволен од 7 позиција на листата во ИЕ 4, побарал од Ковачевски неговото име да биде избришано.
Лавината рекации не стивнува ни денеска. Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, изрази незадоволство од изборот на кандидтаите на листата за ИЕ2, на која за него немало место. Тој на социјалните медиуми напиша оти правдата е спора, но секогаш доаѓа.
Јавно незадоволството од одлуките на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски изрази и активистката на СДСМ од Велес, Марија Талевска Деловска. Таа во одговор на објавата на Ковачевски дека СДСМ на овие избори ќе понудат луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, остро реагира и прашува зашто тогаш не е предложен Ненад Коциќ, кој како што истакнува, има многу поголем придонес.