📽 ВО САД ПОЧНУВА НАЈГОЛЕМИОТ ФЕСТИВАЛ НА БЛИЗНАЦИ ВО СВЕТОТ Илјадници учесници со исти облеки, синхронизирани игри, парада и со ново квиз-шоу

Учесниците се поканети да внесат боја и креативност во најголемиот фестивал за близнаци „Твинд дејс“, облекувајќи се во ретро стил од 1960-те и од 1970-те, како суперхерои, циркуски ликови или во кој било друг костим инспириран од минатите теми.

915

Дали некогаш сте помислиле дека постои фестивал каде што се собираат илјадници близнаци од целиот свет – облечени идентично, одговараат исто и се натпреваруваат кој е посинхронизиран?

Токму тоа се случува секој август во Твинсбург, Охајо, а од денеска почнува фестивалот „Твин дејс“ (Twin Days Festival) кој слави јубилејни 50 години со богата програма, емоции и со нови изненадувања, објави списанието „Бикон“.






Учесниците се охрабруваат да се облечат во духот на некоја од претходните теми на фестивалот, на пример во стил од 1960-те и од 1970-те, костими на суперхерои, во циркуски мотиви и други креативни идеи. Годинешната програма нуди парада, трка на 5 километри, ново забавно квиз-шоу за близнаци, како и посебни настани за оние кои го изгубиле својот близнак.

Фестивалот започнал во 1976 година како дел од прославата на американскиот биценетенијал и оттогаш има повеќе од 84.000 парови учесници. „Твин дејс“ е регистриран во Гинисовата книга на рекорди како најголем годишен собир на близнаци во светот.

Во 2020 година фестивалот беше виртуелен поради пандемијата.

Поврзани содржини