ВО САД ИМА ЕДНА МИЛИЈАРДА ДОЗВОЛИ ЗА ОРУЖЈЕ Искоренувањето на „епидемијата на насилство“ е приоритет на шефот на Белата куќа

Одговарајќи на барањето на републиканскиот конгресмен Мајкл Клауд, АТФ соопшти дека до ноември 2021 година има чувано 920.664.765 такви записи, од кои огромното мнозинство биле дигитализирани, што го олеснува пребарувањето.

404

Американското биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (AТФ) има речиси милијарда записи кои потврдуваат купување оружје од страна на американските граѓани.

Одговарајќи на барањето на републиканскиот конгресмен Мајкл Клауд, АТФ соопшти дека до ноември 2021 година има чувано 920.664.765 такви записи, од кои огромното мнозинство биле дигитализирани, што го олеснува пребарувањето. Евиденцијата за трансакции со огнено оружје вклучува различни лични информации за купувачот.






– Федералниот регистар за огнено оружје е експлицитно забранет со закон – рече портпаролот на Тексас, додавајќи дека администрацијата на Бајден „го заобиколила Конгресот“ и ги искористила дупките во законодавството за да продолжи да работи на создавање таква база.

АТФ негираше дека се обидел да воспостави регистар на сопственици на оружје, велејќи дека записите се користат само за да им помогнат на органите на редот да пронајдат огнено оружје користено во злосторства.

Бајден го стави искоренувањето на „епидемијата на вооружено насилство“ во Америка како еден од неговите приоритети, сузбивање на трговците со оружје кои го кршат законот, инвестирање во програми за интервенција против насилството и помагање на поранешните осуденици да се реинтегрираат во општеството.

Планирани се и построги правила за контрола на оружјето, вклучително и воведување на проверки на минатото.

Поврзани содржини