Околу 33.000 Романци се откажаа од вакцинацијата со вакцината против ковид-19 на АстраЗенека за само еден ден, јавија романски медиуми. Според весникот Журнал тоа се должи на страв од несакани ефекти од вакцината која е во центарот на огромни полемики.
Координаторот за вакцинација во таа држава Валериу Георгита изјави дека за изминатите 24 часа 33.000 закажани вакцинации со АстраЗенека се откажани од вкупно 448.896.
– Во моментотво центрите за вакцинација каде се аплицира АстраЗенека имаме голем бропј луѓе кои се откажаа од вакцинација со таа вакцина…бројот на закажани вакцинации е 446.896 со АстраЗенека – изјави тој.
Властите во државата продолжуваат со вакцинација на АстраЗенека се додека не добијат мислење од Европската агенција за лекови.