Во Пула паднал тукушто изграден брод, попуштила сајлата

696

Во Пула денеска во пристаништето паднал нов брод, изграден од „Техномонт“ и кој требало да биде доставен до сопственикот. Станува збор за рибарски брод граден за сопственик од Ирска, пренесува хрватски Индекс.

– Се случи тоа што се случи. За среќа никој не е повреден. Сите сме тажни, простете не можам да зборувам – изјавила потресена за „Глас Истре“ , директорката на „Техномонт“ Гордана Дерања.






Според неофицијални информации, бродот паднал бидејќи една сајла пукнала додека го дигале. Бродот не бил веднаш изваден бидејќи во близина немало дигалка.

Рибарскиот брод е долг 26 метри и широк 7.6 метри со вкупна сила на моторот од 420 кw.

Поврзани содржини