ВО ПРЕПИСКИТЕ НА ЕПШТАЈН ГО ИМА И ИЛОН МАСК Тој се огласи со објаснување

Свесен сум дека дел од мојата преписка со Епштајн може погрешно да се протолкува – напиша основачот на Тесла на својата социјална мрежа Х.

236

Милијардерот Илон Маск се огласи на социјалните мрежи откако неговото име се појави во новиот пакет објавени документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, кои вклучуваат е-мејл преписка од 2013 година.

Според објавените мејлови, Маск во декември 2013 година разменувал пораки со Епштајн за можна посета на неговиот карипски остров, додека посебна преписка покажува дека Епштајн во февруари истата година се обидувал да договори ручек со Маск.






Маск на Х наведе дека имал многу ограничена комуникација со Епштајн и дека одбил повеќекратни покани да го посети неговиот остров или да патува со неговиот авион.

Тој истакна дека е свесен дека дел од преписката може погрешно да биде протолкувана, но оти тоа не го загрижува. Маск додаде дека силно се залагал за објавување на документите за Епштајн и нагласи дека е важно кривично да се гонат оние кои сториле тешки кривични дела, особено во случаите на сексуално искористување малолетнички.

– Свесен сум дека дел од мојата преписка со Епштајн може погрешно да се протолкува. Ниту едно лице не се залагало посилно од мене за објава на документите за Епштајн и мило ми е што тоа конечно се случи, наведе Маск на Х.

Поврзани содржини