Во пожар во романска болница загинаа10 лица

Службата за итни случаи на северниот романски регион Неамт објави дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега.

265

Најмалку 10 лица загинаа синоќа во пожар што зафати болница на северот на Романија каде што се сместени пациенти кои се лекуваат од ковид-19, соопштија локалните власти.

Службата за итни случаи на северниот романски регион Неамт објави дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега. Пожарот зафатил две простории во болницата каде се лекуваат 19 пациенти со kовид-19.






Пожарот е изгаснат и засега не е познато што го предизвикало.

Поврзани содржини