Најмалку десет лица загинале денеска во пожар кој ја зафатил ковид болницата на северот во Романија, соопштиле локалните власти.
Од службата за вонредна состојба на северниот романски регион Неамт соопштиле дека пожарот избувнал во одделението за интензивна нега, пренесува Ројтерс.
Асошиејтед прес претходно објави дека пожарот зафатил две соби од болницата во која се лечат 19 пациенти заболени од ковид-19.
Од романската служба додаваат дека се верува оти меѓу загинатите има пациенти заболени од ковид-19.
Ројтерс наведува дека пожарот е изгаснат и дека засега не е познато од што бил предизвикан.