Во пожар целосно изгоре кафуле во ТЦ „Мавровка“

755

Во пожар ноќеска целосно изгоре кафулето „Фонтана“ во трговскиот центар „Мавровка“.

Пожарот бил пријавен во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во 01:30 часот, а пожарот е целосно изгаснат во 05:00 часот.






Командантот на ТППЕ Владимир Симоновски утринава за МИА изјави дека интервенирале со 20 пожарникари и осум возила.

Причините за пожарот засега не се познати.

Поврзани содржини