Во понеделник завршува јавниот повик за субвенции за чистење оџаци
Оттаму додаваат дека оваа година имаат предвидено 2 милиона денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1.660 субвенции, а досега се пристигнати само 470 барања.
Град Скопје ги потсетува граѓаните дека викендов можат да ги исчистат своите оџаци и да аплицираат за субвенции в понеделник (30.11 до 15 часот), кога е крајниот рок за аплицирање за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.
– Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари – се вели во соопштението од Градот.
Оттаму додаваат дека оваа година имаат предвидено 2 милиона денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1.660 субвенции, а досега се пристигнати само 470 барања.