Во понеделник во 12 пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ блиска средба на приврзаниците на Мицкоски и на Јанчев
Откако Јанчев најави мирен протест на кој ќе бара оставка од партискиот лидер Христијан Мицкоски, Александар Пандов објави дека ќе го повика членството на партијата да дојде на протестот за да му каже на Јанчев што мисли за него.
Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе го повика членството на партијата в понеделник во 12 часот да дојде пред партиското седиште за да го каже своето мислење за кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, претендент за партиски лидер.
Претходно, Јанчев повика на мирен протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на кој ќе бара оставка од партискиот лидер Христијан Мицкоски.
„Јас ќе ја искористам таа прилика на твоето доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе! Можеш и Вице да ни го донесеш. Ќе ве личи. А башка и на него имаме што да му кажеме. Таман вие после повторно заедно ќе си прославите. Ти текнува? Исто ко кога стана потпретседател на ВМРО ДПМНЕ“, напиша Пандов на Фејсбук.
Пандов го повика Јанчев на дебата на било која телевизија, за да поразговараат за ВМРО и за Република Македонија.