Во полициски час шетал со гасен пиштол и чанта со куршуми

265

За време на полициски час полицајци од СВР Скопје кај дваесетгодишник нашле гасен пиштол и чанта со куршуми.

– Во време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Никола Карев“, при извршен преглед кај Б.Р.(20) од Скопје, пронашле еден гасен пиштол, една рамка со пет куршуми и една чанта со 21 куршум. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Поврзани содржини