ВО ОВА ПЛЕМЕ ЌЕ ВЕ СМЕТААТ ЗА ЗГОДЕН МАЖ АКО ИМАТЕ ГОЛЕМ МЕВ Не е лесно да пиеш млеко и крв од крава шест месеци!

Хасан Јасим на својот блог објаснува дека мажите се дебелеат колку што можат за шест месеци. Седат дома, не прават ништо и пијат мешавина на млеко и крв од крава. Првите два литра ги пијат на изгрејсонце и продолжуваат да пијат во текот на денот.

595

Во племето Боди во Етиопија најпосакувани се мажите кои всушност имаат најголем стомак. Колку е поголем абдоминалниот волумен, толку попривлечни тие ќе бидат. Мажите се тркаат да пуштат што поголем мев.

„Но, подготовката за натпреварот каде што се избира најдебелиот е прилично ужасна“, напишал познатиот наратор на документарци, Дејвид Атенбороу на својата официјална страница на Фејсбук и споделил слика од ваквата церемонија која се одржува четири дена по првата полна месечина во јуни. Тоа е воедно и прослава на новата година кај ова племе.






Хасан Јасим на својот блог објаснува дека мажите се дебелеат колку што можат за шест месеци. Седат дома, не прават ништо и пијат мешавина на млеко и крв од крава. Првите два литра ги пијат на изгрејсонце и продолжуваат да пијат во текот на денот. Поради големите жештини, натпреварувачите мора да го испијат напитокот пред да се згрутчи. Но, не е едноставно да се проголтаат огромни чинии со крв и млеко: многу од мажите не можат да го испијат доволно брзо.

Кога ќе дојде време за церемонијата, мажите излегуваат од своите колиби, покриени со глина и пепел. За церемонијата на Ка’Ел тие носат шалови направени од школки и пердуви, како и ѓердани и нараквици со мониста.

На самиот ден мажите трчаат околу едно дрво со часови и притоа неколки пати се одмораат. На крајот се прогласува херојот на племето и се жртвува една крава иако кравите за нив се свети животни и не смеат да се колат во текот на годината. За крвта пак, од кравите, која им треба на мажите, тие ја испумпуваат преку мала дупка во вената на кравите којашто потоа ја запушуваат со глина.

Поврзани содржини