Во Ѓорче Петров се забранува сушење алишта во дворови со поглед кон улици или плоштади

„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, напиша Наумовски во коментар под објавата.

1,056

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, во објава на Фејсбук соопшти дека Советот на општината усвоил измени во Одлуката за комунален ред, со кои се забранува сушењето алишта во дворовите во општината кои имаат поглед на улица или на плоштад.

„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, напиша Наумовски во коментар под објавата.






Оваа негова објава предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, а дел од граѓаните му забележаа на градоначалникот дека се занимава со неважни работи, додека во општината има многу поголеми проблеми.

Издвојуваме дел од коментарите кои беа објавени под објавата на Наумоски:

„А да се замарате со отворање на улиците и асфалтирање, па после да не дозволувате сушење алишта?“

„Бидејќи сè средивте во општината, сега само ова ви остана несредено“.

„Згради без паркинзи и коли на тротоари битно колку сакаш. Хром е буквално уништен, они за алишта сушење се фатиле“.

„Петнаесет минути дожд да врне, Ѓорче Петров станува Венеција, за алишта се фативте. Циркус Медрано не ви е рамен“.

Поврзани содржини