ВО ОХРИД СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА Општината реализира повеќе инфраструктурни проекти

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски пак забележа дека проектите кои биле ветени во програмата на Пецаков се реализираат со брзо темпо и оти е направено повеќе од ветеното.

131

Изградба на мултифункционално игралиште во охридското село Велгошти, поставување фекална канализација во неколку населени места, како и главна водоводна цевка во Лескоец и асфалтираење улици се дел од проектите кои ги реализира охридската локална самоуправа. Увид во градежните активности на шест од десетте проекти што во моментот се реализираат во општината денеска извршија лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Хритијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.

– Оваа градежна офанзива во наредниот период ќе продолжи поинтензивно со асфалтирање на локални улички и сокачиња и поплочување со бекатон плочки онаму каде што не е возможно да се асфалтира – истакна Пецаков.






По увидот на активностите на игралиштето во Велгошти тој изјави дека тоа е едно од двете ветени повеќе наменски игралишта во Охрид, кои биле дел од предизборната програма.

– Изградбата е во завршна фаза. На почетокот на наредната недела ќе го добие конечниот лик и во Велгошти ќе имаме современо игралиште за кое јас лично се гордеам како и сите оние што живеат тука – рече градоначалникот.

Во селото Лескоец посочи дека се поставени над 500 метри нова главна водоводна линија, која ќе ги снабдува жителите со вода, но и дека продолжува асфалтирањето на кракот од улицата „Мирка Гинова”.

– Уште еден крупен проект кој ќе го посетиме се улиците „Прилепска” и „Будва” каде покрај реконструкцијата и добивањето современ лик имаме и уредување на речното корито на реката Сушица, со што ќе добие модерен лик. Таму се заокружува еден цел концепт на уредувањето на улиците во населбата Црногорци, према булеварот „Железничка”.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски пак забележа дека проектите кои биле ветени во програмата на Пецаков се реализираат со брзо темпо и оти е направено повеќе од ветеното.

– Нормално е кога се реализираат проекти човек да е задоволен од тоа што го гледа затоа што проектите значат поквалитетен живот и посреќни граѓани. Такви граѓани денес можевме да видиме на сите места каде што посетивме и направивме увид во овие градежни активности. Продолжуваме со несмален интензитет и уште посилно темпо, рече Мицкоски.

Поврзани содржини