ВО ОБИД ДА ЗАШТИТАТ ЖЕНИ Талибанците со кабли претепаа двајца новинари

Двајцата известувале за протестите на жените во главниот град на Авганистан, повикувајќи да се стави крај на кршењето на правата на жените и девојчињата од страна на талибанците.

436

Двајца авганистански новинари, кои известувале за женските протести во Кабул, се приведени и брутално претепани од талибанските безбедносни сили, соопшти Хјуман рајтс воч.

Таки Дарјаби и Немат Накди од кабулскиот медиум Етилаат-е Роз беа приведени и нападнати.






Двајцата известувале за протестите на жените во главниот град на Авганистан, повикувајќи да се стави крај на кршењето на правата на жените и девојчињата од страна на талибанците.

Новинарите биле одведени во полициска станица и сместени во одделни ќелии, пред да бидат брутално удирани со кабли, објави Етилаат-е Роз.

Тие се ослободени вчера и хоспитализирани поради повреди на грбот и лицето.

Поврзани содржини