ВО ОБИД ДА ГИ ЗЕМЕ ПРОТЕРАНИТЕ ДИПЛОМАТИ Поради забраната руски авион летал 15.000 километри
Додека Шпанија и Грција направија исклучок и дозволија влез во нивниот воздушен простор, авионот мораше да лета околу други земји кои воведоа забрана за руски летови“, се вели на веб-страницата за следење летови.
Рускиот авион, кој беше испратен од Москва да ги земе руските дипломати од Шпанија и Грција, поради забраната за летови кон ЕУ бил принуден да лета на рута долга 15.000 километри, покажуваат податоците објавени на веб-страницата „ФлајтРадар“.
– Додека Шпанија и Грција направија исклучок и дозволија влез во нивниот воздушен простор, авионот мораше да лета околу други земји кои воведоа забрана за руски летови“, се вели на веб-страницата за следење летови.
Исто така, беше прецизирано дека вкупната должина на летот е 15.163 километри, што е нешто пократко од моментално најдолгиот лет во светот меѓу Сингапур и Њујорк.
Да потсетиме, Грција на почетокот на април протера 12 руски дипломати.