ВО НОРВЕШКА СЕ УРНА АМЕРИКАНСКИ АВИОН Не е позната судбината на четворицата членови на екипажот

Авионот од типот В-22 Оспри учествувал во вежбата на НАТО „Студена реакција“ кога околу 18.30 часот било пријавено неговото исчезнување, соопшти Центарот за спасување.

774

Американски воен авион со четворица членови на екипажот се урна за време на воена вежба на НАТО во северниот дел на Норвешка, соопштија норвешките Центри за заедничка координација за спасување.

Не е позната судбината на екипажот, изјави портпарол на спасувачките центри.






Авионот од типот В-22 Оспри учествувал во вежбата на НАТО „Студена реакција“ кога околу 18.30 часот било пријавено неговото исчезнување, соопшти Центарот за спасување.

Како што се наведува, леталото учествувало во вежбата и требало да слета во 18 часот. Временските услови во зоната за маневри биле многу лоши.

– Го пронајдовме од воздух. Го најдовме откако го добивме сигналот за итна помош – истакна портпарол на Центрите за спасување.

 

Поврзани содржини