„ВОЈНИЦИТЕ ОД НАТО НЕМА ШТО ДА БАРААТ ТАМУ“ Путин ги одби европските предлози за безбедносни гаранции за Украина

Официјалниот став на Москва е во спротивност со неодамнешните изјави на Трамп дека „Путин се согласил на безбедносни гаранции за Украина“.

852

Европските предлози за безбедносни гаранции за Украина се целосно неприфатливи, а војниците од земјите на НАТО не смеат да влезат во Украина, соопшти Кремљ на дневниот брифинг за медиумите.

Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека Москва „зазема негативен став“ кон предлозите што се појавија по состанокот на европските лидери со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.






Ова е јасна порака од Кремљ дека нема да се откаже од своите барања кон Украина. Од Кремљ порачаа и дека „американските напори за наоѓање мир се многу важни“.

Официјалниот став на Москва е во спротивност со неодамнешните изјави на Трамп дека „Путин се согласил на безбедносни гаранции за Украина“.

Песков го повтори долгогодишниот став на Русија дека војниците од земјите-членки на НАТО немаат што да бараат во Украина. Во врска со мировните преговори, тој нагласи дека „ваквите состаноци мора да бидат добро подготвени, за да бидат ефикасни“.

Песков на брифингот откри и дека се во тек подготовките за посетата на рускиот претседател  Владимир Путин на Кина. Тој ја опиша посетата како „без преседан“.

Путин ќе им се придружи на повеќе од 20 светски лидери на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Тјанџин, што ќе се одржи во недела и во понеделник.

Дел од државите во ЕУ по состанокит со Трамп во Вашингтон деновиве изнесоа предлози да испратат свои војници како мировни сили во Украина, за да ја гарантираат безбедноста на земјата по евентуалното постигнување на мировен договор меѓу Москва и Киев.

Поврзани содржини