Во недела нема да работиме, ама не сите
Во недела ќе работат трговските центри, дел од прехранбената индустија, угостителските објекти, рудниците, медиумите, здраствените институции, противпожарна служба, фотографски, креативни, уметнички дејности и други.
Мнозинството членови на Комисијата за труд и социјална политика дадоа зелено светло на Законот за работни односи со кој денот недела ќе биде неработен ден. Исклучок се 42 дејности каде работниот процес не може да биде прекинат.
Во тој случај работниците ќе имаат право на слободен ден во текот на неделата и додаток на плата во висина од 50 проценти од дневницата.
Во недела ќе работат трговските центри, дел од прехранбената индустија, угостителските објекти, рудниците, медиумите, здраствените институции, противпожарна служба, фотографски, креативни, уметнички дејности и други.
ВМРО ДПМНЕ побара за законот да се одржи јавна расправа што не беше прифатено од страна на Комисијата. Од партијата на Христијан Мицкоски тврдат дека со предложеното решение нема ништо да се промени, туку напротив, ќе се зголеми бројот на отпуштени работници.
Законот за работни односи ќе се носи во редовна постапка.
Оставена е можност во второто читање партиите амандмански да реагираат.