ВОЈНАТА ВО ИРАН ВЕЌЕ ЧИНИ МНОГУ Трамп размислува кој може да ја плати сметката

Глобалното зголемување на цените на нафтата и гасот во првиот месец од војната со Иран го чинеше светот повеќе од 100 милијарди долари, предупредува меѓународната еколошка организација 350.org.

627

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги покани арапските земји да помогнат во плаќањето на трошоците за војната со Иран, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

– Мислам дека тоа е нешто што претседателот би бил многу заинтересиран, да ги покани да учествуваат во финансирањето. Тоа е идеја за која размислува и верувам дека наскоро ќе слушнеме подиректно од него –  рече Ливит.






Прашана дали арапските земји навистина би се вклучиле и би помогнале во покривањето на трошоците од евентуален конфликт, Ливит не одговори, но јасно стави до знаење дека опцијата се разгледува на највисоко ниво.

Глобалното зголемување на цените на нафтата и гасот во првиот месец од војната со Иран го чинеше светот повеќе од 100 милијарди долари, предупредува меѓународната еколошка организација 350.org.

Според нивната анализа, потрошувачите и компаниите во светот се соочија со трошок од дури 111 милијарди долари поради зголемувањето на цените на енергијата само за еден месец од конфликтот.

Во извештајот се наведува дека големите нафтени компании, како што се „Шеврон“, „Шел“ и „Ексон Мобил“, се „на работ да заработат милијарди долари неочекувани приходи (дополнителни профити)“ благодарение на кризата.

Организацијата ги повикува владите да воведат даноци на таквите профити и да ги насочат собраните средства за ублажување на порастот на цените.

Сепак, тие предупредуваат дека проценетиот износ не ги вклучува пошироките последици што веќе се прелеваат во економијата.

„Затоа, вистинската економска штета веројатно ќе биде значително поголема од загубите предизвикани само од цените на нафтата и гасот“, истакнува 350.org

 

Поврзани содржини