ВОЈНАТА ПРОТИВ ИРАН НЕМА ДА ТРАЕ СО ГОДИНИ, НО ЌЕ ПОТРАЕ НЕКОЕ ВРЕМЕ Нетанјаху судирот го гледа како можност за траен мир на Блискиот Исток

Војната против Иран создава услови иранскиот народ да ја собори својата влада. Секако, на крајот останува на народот на Иран да ја промени владата, но ние, Америка и Израел заедно, создаваме услови тоа да го направат, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. 

17

Војната на САД и на Израел против Иран би можела да потрае извесно време, но нема да трае со години, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Амерриканско-израелските воздушни напади вр Иран почнаа во саботата, 28 февруари, со удари врз Техеран, во кои беше убиен иранскиот врховен водач Али Хамнеи. Тоа поттикна иранска одмазда против Израел и ракетни напади врз американските воени бази во повеќе држави на Блискиот Исток.






Претседателот на САД, Доналд Трамп, првично процени дека војната ќе трае 4 до 5 недели, но додаде дека би можела да потрае и подолго.

Нетанјаху ја отфрли можноста конфликтот да трае со години, како претходните војни во регионот.

– Реков дека би можела да биде брза и одлучна. Можеби ќе потрае извесно време, но нема да трае со години. Тоа не е бесконечна војна – рече Нетанјаху за Фокс Њуз.

Тој додаде дека на војната гледа како на можност за траен мир на Блискиот Исток, вклучително и меѓу Израел и Саудиска Арабија.

– Војната против Иран создава услови иранскиот народ да ја собори својата влада. Секако, на крајот останува на народот на Иран да ја промени владата, но ние, Америка и Израел заедно, создаваме услови тоа да го направат – рече израелскиот премиер.

Според него, клучно да се „дејствува сега“ против Иран бидејќи раководството во Техеран градело подземни објекти за да ги заштити своите ракетни и нуклеарни програми од напади.

– Тие почнаа да градат нови локации… подземни бункери кои би ги направиле нивната програма за балистички ракети и нивната програма за атомска бомба имуни во рок од неколку месеци – рече Нетанјаху.

Израел го нападна Иран во јуни во, како што рече, обид да ја осакати иранската програма за нуклеарна одбрана, а Иран тврди дека развива нуклеарни капацитети само за цивилна употреба.

Двете земји се договорија за прекин на огнот по 12 дена борби, по американското бомбардирање на трите нуклеарни објекти во Исфахан, Натанц и Фордо.

– Човек би помислил дека ќе научат лекција, но не научија. Затоа што тие се непоправливи, тие се тотални фанатици за ова, за целта да ја уништат Америка. Ако не се преземеше акција сега, никаква акција не би можела да се преземе во иднина. И тогаш тие би можеле да ја таргетираат Америка, би можеле да ја уценуваат Америка, би можеле да нè загрозат нас и да ги загрозат сите помеѓу – истакна израелскиот премиер.

Поврзани содржини